Изгорено женско тело пронајдено во Кичево


Жена почина откако нејзиното тело било запалено во близина на „Китино кале“ во Кичево.

Женското тело како гори го видел случаен минувач вчера околу 15:50 часот по што интервенирала Територијалната противпожарна единица во Кичево. Телото е изгаснато со апарат за гаснење на пожар, а од страна на лекар од Општината болница во Кичево е констатирано дека жената не дава знаци на живот.samozapalil

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

– Се утврдува идентитетот на лицето и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, изјави портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1