Паника во Канада, итно евакуирани 19.000 деца (ФОТО)


Околу 60 училишта и универзитетски кампуси во Канада се евакуирани поради можни закани.Ројтерс јавува дека полицијата соопштила дека сите деца и студенти се пренесени на безбедна локација. Канадските медиуми јавуваат дека евакуирани се 19.000 деца.evakuacija-kanada

-Студентите се однесени на безбедна локација каде ги чекаат автобуси. Родителите на тие места ќе може да ги пречекаат своите деца, но ќе мора да почекаат за натамошни инструкции на кое место ќе може да дојдат. Тие информации ќе бидат објавени наскоро, соопшти полицијата

Засега не е позната природата на заканата, но според некои информации еден камп добил анонимна дојава за поставена бомба.

Островот Принц Едвард е најмалата покраина и во неа живеат околу 140.000 жители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1