Изградиле облакодер од 47 ката – заборавиле лифт


Кулите „Ин Темпо” во шпанскиот град Бенидорм замислени се како градба на иднината и симбол на излегувањето на Шпанија од рецесијата, но градежниците толку се занеле во идејата да изградат највисока станбена зграда во Европа што заборавиле лифт.

zgradi bez liftОбјектот најпрво бил замислен да има 20 ката, но амбициозните градежници одлучиле да му додадат уште 27. Шпански El Pais пишува дека грешката сега е невозможно да се исправи тоа што за лифт во зградата која има 269 станови нема место. Самиот проект од почетокот бил означен како лоша идеја, а за тоа зборува и податокот дека зградата требало да биде отворена пред четири години.

Пред неколку недели, тимот архитекти се повлече, а работниците не добиле плата. Освен тоа, условите за работа се лоши, а во 2011 година се урнал сервисниот лифт при што се повредени 13 луѓе.

Финансирањето го презела банката Сареб, која е на многу лош глас. Новиот рок за завршување на зградата е декември годинава, а продадени се само 35 отсто од становите. Другите ќе се нудат по пониска цена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1