Изгубени се 120 животи – расте бројот на жртви од земјотресот во Италија


Најмалку 120 лица загинаа во земјотресот кој ја погоди централна Италија, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци и најави дека утре ќе биде прогласена вонредна состојба.italija-zemjotres4-640x487

– Во овој момент изгубени се 120 животи, истакна Ренци на прес-конференција, јавува АНСА.

Италијанскиот премиер укажа дека смртниот биланс би можел да се зголеми, со оглед на тоа дека во градот Аматриче, кој беше најмногу погоден од земјотресот, престојувале многу странски туристи.

– Ова да се случеше во октомври ќе беше полесно да ги преброиме жртвите, но денес бројот на жители во погодените реони и десет пати поголем, истакна Ренци.

Тој уште истакна дека ќе бидат преземени сите мерки со цел да им се помогне на загрозените и оти од таа причина, Владата утре ќе прогласи вонредна состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1