Паника во Американскиот универзитет: Професори и студенти како заложници на вооружени лица


Група вооружени мажи попладнево го нападна Американскиот универзитет во авганистанската престолнина Кабул.

Прво, во реонот на институцијата се слушна експлозија, а потоа пукотница. Вооружените мажи успеале да навлезат во зградата на универзитетот.napad-univerzitet

„Во рамките на кампусот сега се слуша пукање“, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

– Неколку вооружени лица го нападнаа универзитетот. Тие се во универзитетскиот комплекс. На универзитетот има странски професори, како и стотици студенти, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи, пренесува БТА.

На Твитер авганистанскиот фотограф Масуд Хосаини напиша од универзитетот дека внатре се води борба, дополнува ДПА.

„Помош. Ние сме заглавени во универзитетот и се слушна пукање, па експлозија. Овој може е мојот последен твит“, напиша тој на социјалната мрежа.

Студентот Ахмад Шахир, кој е во универзитетот, телефонски за американскински медиум раскажа дека луѓето таму се блокирани во училниците и дека се слушаат истрели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1