Изгубил пари на коцка, сам си ја удирал главата од ѕид па лажел дека го нападнале


Триесет и четиригодишниот И.А. од тетовското село Копанце, вчеравечер пријавил разбојништо кое, според неговото кажување, се случило околу 19 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

Во тоа време, три лица, од кои едното го познавал од порано, насилно го внесле во возило „Голф“, кое застанало на самата улица и му барале извесна сума пари.kockar

-Возилото веднаш се упатило кон тетовската железничка станица, а двете непознати лица постојано со тупаници го удирале по главата и телото и од тренерките му одзеле 100 евра и мобилен телефон и потоа го оставиле И.А пред една продавница, од каде со такси возилото заминал во Копанце и им раскажал на најблиските што му се случило.Набрзо, И.А. се обратил за помош во тетовската клиничка болница, каде поради повредата на главата  задржан е за натамошно лекување, соопштуваат од СВР Тетово.

Неговите повреди се фотодокументирани и по превземените дополнителни мерки и активности од службеници на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека И.А. лажно го пријавил разбојништвото и дека ја измислил приказната, откако претходно во казино во Тетово загубил извесна сума пари.

Сакајќи да биде што поубедлив и да се оправда пред семејството, самиот се удрил во sид во неговата куќа во Копанце и нешто подоцна отишол во тетовската болница.

Се работи на целосно расчистување на случајот, а И.А. ќе се соочи со соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1