Време: Денес облачно, во недела магла


Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува и слаб претежно јужен ветер.oblaci mk2 (2)

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време повремено со локален дожд и со услови за магла по котлините. До вторник ќе се задржи релативно топло. Во вторник ќе дува повремено засилен ветер од југозападен правец, а од среда се очекува спуштање на дневните температури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1