Дали сте вие едно од лицата кои сите настани од својата љубовна врска ги делат по пат на социјалните мрежи? Ако е така, да знаете дека тоа многумина ги иритира вашето однесување. Имено, најновото истражување покажува дека многу луѓе ги иритира објавување на статуси поврзани со љубовен статус на лице, а посебно им пречи кога двојки меѓусебно изјавуваат љубов еден кон друг, на пример на Фејсбук.
Според коментарите на испитаници кои учествувале во истражувањето на британската интернетска страница Match.com, изјавувањето на љубов по пат на социјалните мрежи е најголем грев. Такво нешто е проследено со јавна расправија на социјалните мрежи, како и тажни статуси поради прекин на врската.
Интересно е дека се повеќе луѓе ги користат компјутерите за документирање на своите љубовни врски, а најмило им е кога можат да објават дека се во врска. Другите луѓе на социјалните мрежи тој податок некако и го поднесуваат, но сите понатамошни информации ги сметаат за претерување.
– Многумина сакаат да поделат информации за својата љубовна врска, посебно кога е врската на почеток. Нема ништо лошо во тоа на своите пријатели да им дадете до знаење дека сте во среќна врска, но никако немојте да претерувате во тоа и јасно знајте со кого ги делите тие информации – вели Кејт Тејлор, експерт за љубовни врски по пат на интернет.
Mia