Сведоштво на храбрата продавачката од продавницата на „Рузвелтова“


Храбрата продавачка од дуќанот на Рузвелтова која сама се справи во крадец кој беше вооружан со пиштол, ја раскажа својата приказна за Дневник.

На видеото кое се појави пред неколку денови се гледа како Ленче Блажевска од Скопје сама храбро му се спротивстави на арамија кој вооружен со пиштол се обиде да ја ограби продавницата каде таа работи. Таа била втора смена во продавницата каде што од 2009 година работи како шефица.

prodavacka ruzveltovaПред да ја нападне, арамијата излегол од автомобил и ја прашал дали таа има внуци, на што продавачката премногу се зачудила.

– Се зачудив зошто ме прашува тоа. Потоа ми рече дека наскоро ќе имам. Ги изговори тие зборови, влезе во колата и си замина. Во тој момент надвор немаше никој. Потоа зачудена од случката почнав да редам портокали надвор, а на улицава забележав момче со фантомка и со пиштол во рацете, вели Блажевска за Дневник.

„Влегувај внатре, инаку ќе те убијам“ биле зборовите на крадецот.

 – Но јас му се спротивставив и почнав да се борам со него. Дојдов до вратата и ја затворив. Го фатив резето и се обидов да заклучам. Со едната рака ја држев вратата, а со другата му ги свиткав прстите на разбојникот, вели Ленче.

grabez_620_350– Малку даде отпор, меѓутоа потоа виде дека сум посилна и викна: „Ќе ти пукам“. Јас го фатив за раката со која го држеше пиштолот, му ја исправив нагоре и му реков: „Пукај сега ако можеш“. Потоа почнав на цел глас да викам: „Помош, полиција“, не знам од каде ми дојде да викам толку гласно , додава жената за весникот.

– Чудно е што во периодот кога тој се приближил до мене со пиштолот, поминало момче. Со него се разминаа, а тој не го ни погледна, иако имаше фантомка на главата. Kако да не постоеше , вели таа.

По инцидентот таа веднаш го повикала газдата на дуќанот и се му раскажала.

– Дојде газдата и му кажав што се случи. Kога дојде полицијата, праша дали работат камерите. И полицајците ми честитаа што му се спротивставив на разбојникот, објаснува продавачката.

На газдата на смеа му рекла: „Гледаш ли како се брани дуќанов и се чува прометот“.

– Сакаше да ме награди, но јас не дозволив. Сакам да си бидам таа што сум, должност ми е да си го одбранам дуќанот од разбојник, меѓутоа тоа што се случи влијае врз мојата психа. Сега моментално не се плашам, но откако дознав за видеото, почнувам да размислувам за мојата иднина дали ќе можам спокојно да продолжам да живеам со оглед на фактот дека мојот лик е објавен без мое знаење, додава жената.

Dnevnik

ВИДЕО: СНИМЕН КРАДЕЦ ВО СКОПЈЕ КАКО И ВПЕРУВА ПИШТОЛ ВО ГЛАВА И ЈА НАПАЃА ПРОДАВАЧКАТА

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1