“Нова Македонија” во утрешниот број на весникот објавува нови информации поврзани за сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов
“Нова Македонија” пронајде белешки од патарината што фрлаат ново светло врз трагичната сообраќајка, е наднасловот на текстот во утрешниот број.
Како Младенов ги минал последните часови? Што барал во Велес? дали се сретнал со некого или не?
Овие прашања се отворија по трагичната сообраќајка во која сопственикот на Фокус го загуби животот. Неговата сопруга изјави дека тој излегол од дома и не кажал каде ќе оди. Последен пат се чуле околу 22 часот.
Она што се знае е дека имал закажана средба со Кире Наумов во 19 часот на која не се појавил, медиумите пишуваа дека Наумов неколкупати му вртел но Младенов не се јавувал по што Наумов помислил дека е зафатен и се откажал од вртење. Според истрагата Младенов возел со 150 км на час пред да ја пробие банкината на клучакта кај Хиподром по што неговото возило мерцедес се превртело неколкупати – а Младенов загинал од ударот на воланот во градите.
БОЖИНОВСКИ: МЛАДЕНОВ Е УБИЕН ПОРАДИ АФЕРАТА „ТЕЛЕКОМ“