Дваесет и седумгодишениот гостиварец Б.И изутрина околу шест часот на автопатот Скопје – Тетово кај Добарскиот надвозник изгубил контрола над автомобилот БМВ 318 и излетал од патот. Во несреќата со тешка телесна повреда скршеница на рбетот се здобила сопатничката У.И.(57), а со полесни возачот Б.И., сопатникот Д.И.(27) и пет годишно дете.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, сите повредени биле префрлени во тетовската болница и по укажаната помош тешко повредената У.И. била упатена на скопските клиники, а другите биле пуштени на домашно лекување. Првичните податоци од увидот покажуваат дека причина за сообраќајката е неприлагодена брзина кон условите на патот, а материјалната штета се проценува на околу 50 илади денари, рече Јосифовски.
Неприлагодена брзина, според првичните информации, е причина и за сообраќајката што се случила ноќеска во 1 часот 30 минути на улицата „Илинденска“ во Гостивар, а во која возачот К.П. (20) загубил контрола врз автомобилот Хјундаи со гостиварски регистарски таблички и удрил во метален електричен столб. Возачот К.П.(20) и сопатникот Н.Р.(28) се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош во гостиварската болница биле пуштени на домашно лекување а материјалната штета се проценува на околу 60 илајди денари информираше Јосифоски.