Излезе најновата месечна прогноза од Американскиот институт за атмосфера и океани – НОАА, која ги разгледува климатолошките изгледи за јануари. Вкупните изгледи за првиот месец од 2016 година не се баш сјајни во однос на очекувањата за вистинска зима.
Oд картата на температурна аномалија, може да се види дека очекувањата на овој климатолошко – прогностички модел се во насока на натпросечно топол јануари, особено на северниот дел од Балкан, и тоа за 2 – 3 Целзиусови степени над просекот. Јужниот регион, исто така, се очекува да биде натпросечно топол, но за 1 до 2 степена.
Кај врнежите, исто така, се очекува дефицит во однос на просекот. Засега овој дефицит е прогнозиран да биде околу 0,5 литри на квадратен метар на ден.