Нов Закон: Извршителот нема да блокира сметки -ќе бара долговите за комуналии да се платат во рок од 15 дена


Се предлага  донесување на целосно нов Закон за извршување, во правец на прецизирање на законските одредби во делот на постапувањето на извршителите при спроведување на извршувањето, надминување на проблемите со различното постапување на извршителите и пропишување на јасни законски одредби во насока на ефикасно спроведување на извршувањето.dolg izvrsitel dokument

Во новиот Закон за извршување скратен е рокот за утврдување на вредноста на недвижностите од страна на проценителите од 15 на 8 дена, и  отстранета е можноста за трето јавно надавање на недвижностите, со цел да се дестимулираат манипулациите на потенцијалните купувачи за намалување на цената на недвижностите со што се оштетуваа должниците и доверителите, а бенефит имаа само „професионалните„ учесници на јавните наддавања.

На тој начин се скратува времето на извршувањето врз недвижност за најмалку 45 дена и се гарантира вредноста на недвижноста, бидејќи цената на недвижноста не може да спушти под 75% од проценетата вредност.

Со новиот закон ќе се обезбеди воедначена примена на Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителот од страна на извршителите и спречување на нелојална конкуренција.

Со новите законски одредби се предвидува поголема правна сигурност и заштита на граѓаните и правните лица во реализација на своите права.
Новото законско решение воведува и целосно ново извршно дејствие по барање на извршителите, Имено станува збор за Вонсудска наплата на долгови по основ на веродостојна исправа, со што на доверителите им се овозможува, користејќи го неспорно ефикасниот систем на извршителите, да им ги предочат обврските на должниците, како и правните последици од нивното ненавремено намирување.

Ова дејствие ќе се презема исклучиво по барање и на трошок на доверителот, што значи дека нема да ги кумулира трошоците за должникот.

Главната цел е да се обезбеди уредна достава на веродостојните исправи до должниците пред воопшто да се започне постапка за нивна присилна наплата.

Од новото законско решение целосно е отстранет делот кој се однесуваше на процесот за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, со оглед на околноста дека целиот овој процес е вграден во Предлог Законот за Нотаријат кој е веќе во Владина постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1