Порталот TMZ пишува дека девојката која тврдеше дека направила пластична операција да добие трета града, лажела – се работи за протеза која таа ја мести по потреба!
Џасмин Тридевил во интервју тврдеше дека 60 хирурзи ја одбиле пред да најде еден кој прифатил да ја оперира и да и постави трета града за 20 000 долари.
Таа во интервјуто изјави дека причината за пластичната операција е – да ги одбие мажите од себе, дури и ја објасни реакцијата на нејзините родители…
Но, TMZ пишува дека сето тоа е голема лага, која наводно се открила кога Џасмин била ограбена на аеродром!
Крадците украле поголем број патнички торби меѓу кои и пластична кеса, чија содржина и припаѓала на Џасмин.
Биле фатени заедно со пленот, а содржината на куферите како и на црната кеса морало да биде проверена во полицијата, пред се да им биде вратено на патниците.
Во кесата се наоѓала – протеза, вештачка града која Џасмин ја ставала „по потреба“!
VIDEO: Jasmin Tridvel (Ališa Hesler)