Изворска вода ќе претскажува земјотреси


Шведските научници направија интересно откритие, кое според нив би можело да помогне при предвидувањето на земјотресите.

Научниците сметаат дека зголемената концентрација на натриум во составот на подземните води може да стане предвесник на земјишните потреси.

zemjotresЗаклучоците им се направени врз основа на петгодишни студии. За таа цел тие земале примероци од извори, што се наоѓаат во северниот дел на Исланд.

Експертите утврдиле дека составот на водата се менува значително 4-6 месеци пред да се случат два земјотреса – во октомври 2012 и април 2013 година.

Биохемичарите  од Универзитетот во Стокхолм сметаат дека тензиите, зголеменото ниво на  Земјината кора пред земјотрес, ослободува во подземните води такви супстанции, како што се калциум и натриум.

Опремени со овие податоци, истражувачите почнуваат долгорочни набљудувања на составот на подземните води низ сеизмички опасни подрачја.

Извештајот на научниците е објавен вото Nature Geoscience.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1