Милијардерот Ричард Бренсон бил мета на измамник, кој се претставил како британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, во обид да го убеди да даде пет милиони долари, наводно за тајно плаќање откуп.
По шест месеци Бренсон дознал дека тој човек подоцна се претставувал и како него самиот, за да украде два милиона долари од негов пријател.
Измамникот пред шест месеци го контактирал Бренсон, замолувајќи го да биде дел од тајна владина операција, при што ќе бидат искористени негови пари за откуп, а потоа Владата ќе нашла начин да му ги врати, раскажува бизнисменот.
Секако, потоа следела проверка во највисоките инстанци, па случајот бил пријавен в полиција.