Двајца 26-годишни мажи од Канада измислија сосема нов начин на миење заби, со помош на јазикот и без користење на раката.
Адел Елсер и Саид Фајад сметаат дека нивнот изум е далеку похигиенски од вообичаените четкички.
Овој геџет, наречен T2T (Tongue To Teeth) се вовлекува на јазикот и содржи слој паста за заби.
– Не користите раце и хигиената е клучот, изјави Елсер, инаку работник во фабрика за болјери, кој дошол на оваа идеја кога се враќал дома после 12-часовна смена.
Елсер и Фајад веќе направиле Фејсбук страница и Твитер налог за својот изум и се надеваат дека ќе успеат да соберат 100.000 канадски долари како почетна инвестиција.