Израел телефонски предупреди 100.000 Палестинци: „Напуштете ги домовите!“


Израел ги продолжи воздушните напади врз Појасот Газа, а во исто време испрати телефонско предупредување до 100.000 Палестинци да ги напуштат своите домови и да се евакуираат.

Савсан Кавареа, жителка на населбата Кхан Јунис, во вторникот била дома кога заѕвонил нејзиниот телефон. Се јавила, а на другата страна на линијата бил „Давид“ кој тврдел дека е израелски војник, пишува „Вашингтон пост“.

izrel33„Ме побара по име, а потоа рече: Имате жени и деца дома. Излегувајте надвор. Имате пет минути до удар на ракета“, раскажува Кавареа. Послушала и со децата истрчала надвор, а набрзо куќата ја погодила мала ракета. Но, тоа било само предупредување, бидејќи точно за пет минути поголем проектил го уништил нејзиниот дом.

Телефонските предупредувања всушност се дел од една поширока стратегија. Со години израелската војска користи мобилни телефони и мали предупредувачки ракети за да ги извести луѓето во објектот што го гаѓа и да им даде можност да побегнат. Праксата почнала во 2006 година. Само во 2009 година израелското Министерство за надворешни работи информираше дека биле упатени 165 илјади телефонски повици за предупредување.

izraelСамо утрово, во израелските напади врз Газа загинале најмалку седум Палестинци, а уништена е и куќата на Махмуд Захар, еден од главните политички лидери на Хамас, за кој сепак се верува дека во времето на нападот се криел на друга локација.

Ситуацијата дополнително ја отежна вчерашната порака со која Хамас се спротивстави на повиците на западните и на арапските земји за прекин на огнот. Ова го испровоцира Израел да најави зајакнување на офанзивата, која би можела да се претвори во копнена инвазија во Газа.

Израелската војска утрово извести по телефон речиси 100.000 жители во северниот дел на Појасот Газа да ги напуштат домовите и да се евакуираат.

Палестински официјални претставници велат дека се запознаени со предупредувањата, но ги советувале граѓаните да не ги слушаат израелските пораки, кои ги сметаат за психолошки притисок врз населението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1