Изрешетан холандски адвокат во Германија: Го чекале кај неговиот дом и почнале да пукаат


Холандскиот адвокат бил тешко ранет од огнено оружје во, како што се верува, таргетиран напад во германскиот град Гронау, каде живее, соопштиле денес германските власти и холандското здружение на адвокати.

Во 43-годишната жртва било пукано утрово, а напаѓачите отвориле оган од бел автомобил со холандски таблички, било соопштено од обвинителството во Мунстер.

Обвинителот Мартин Боценхарт рекол дека нема информации за состојбата на нападнатиот Холанѓанец, но дека тој по нападот можел да разговара со полицијата.

Боценхарт не сакал да ги коментира наводите на холандските медиуми дека нападнатиот човек е адвокат, но рекол дека “постојат индиции дека мажот од Гронау бил таргетирана мета”.

Адвокатското здружение Холандски адвокатски ред на Твитер навело дека е шокирано со обид за убиство и жртвата ја идентификувало како адвокатот Филип Шол.

Шол е втор холандски адвокат кој бил мета на убиец во последно време.

Адвокатот Дирк Вирсум, кој го застапувал клучниот сведок во големо судење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1