Извадена од дното ракетата која го испрати првиот човек на Месечината (Видео/Фото)


bezos-dno-satelit-02

Остатоците од ракетата “Saturn V”, која што ги однела астронаутите на мисијата Аполо 11 во историската мисија кон Месечината во 1968 година, биле извадени од дното на Атлантскиот океан.

Основачот на компанијата Амазаон и милијардерот Џеф Безос, ја предводел мисијата за спасување на остатоците од моторот F-1 на ракетата “Saturn V”, која што американските астронаути ги испратила на Месечината.

bezos-dno-satelit-01Пронајдените и спасени остатоци претставуваат првиот дел од наведената ракета, кој, откако го потрошил горивото, бил отфрлен високо во атмосферата, а на крајот завршил на дното од океанот.

Безос уште пред една година најавил дека тој и неговиот тим ги лоцирале деловите од “Saturn V” на длабочина од 4.267 метри под површината на Атлантскиот океан.

Сега, по цели три недели поминати во водата, Безос и неговиот тим извлекле доволно делови од моторот на оваа ракета за истиот да можат да го реконструираат.

bezos-dno-satelit-10 raketa

Планот на Безос е реставрација на моторите и нивно прикажување на јавна изложба, но сепак, со оглед на тоа што серискиот број на моторот е уништен, ќе биде тешко да се утврди дали станува збор навистина за моторите на ракетата “Saturn V”, која што ги испратила првите луѓе на Месечината

bezos-dno-satelit-03 bezos-dno-satelit-06

НАСА објавила свое соопштение и на Безос и неговиот тим му честитала на “историскиот пронајдок, како и одлучноста и упорноста во барањето на овие важни артефакти”. Во продолжение погледнете како изгледало вадењето на деловите од ракетата од длабочините на океанските води.
Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1