Извори од СДСМ: Николовски можен технички премиер


По изјавата на премиерот Зоран Заев дека согласно Договорот од Пржино тој ќе се повлече од функцијата на 3 јануари во јавноста почна да се калкулира дека негов заменик ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Сепак партиски извори за ТВ21 велат дека најверојатно за технички премиер ќе биде назначен генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Спасовски, велат истите извори е потребно да остане во министерството како дополнителен заменик министер, како и министерката за труд и социјала Мила Царовска. Од владејачката СДСМ велат дека одлука ќе биде донесена на седница на Централниот одбор на партијата.

ljupco nikolovski sdsm

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека е рано за имиња, но сепак, партиските извори велат дека за сега се калкулира со името на Антонио Милошоски за технички министер за внатрешни работи. Сепак додаваат истите извори, тоа ќе зависи и од фактот дали Спасовски ќе биде технички премиер, но доколку остане во министерството како технички заменик министер оваа опција пропаѓа бидејќи се смета дека Милошоски не би можел да го преземе авторитетот.

Според Договорот од Пржино усогласен во 2015 година меѓу 4 политички партии, изборите ги спроведува техничка Влада по претходна оставка на премиерот но оваа позиција останува кај владејачката партија која предлага технички премиер. Опозицијата ги добива министерските места за внатрешни работи и за труд и социјална политика, каде што покрај постојните се именуваат и дополнителни заменици министри. Опозициската партија добива и тројца заменици министри и тоа за финансии, за земјоделство и за информатичко општество. Последен пат Македонија имаше технички премиер од јануари 2016 година кога на таа функција беше поставен Емил Димитриев откако претходно оставка поднесе екс-премиерот Никола Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1