Извршен атентат врз Башар Асад – сакале да го убијат додека одел на погреб кај мајкаму


Најмалку четири лица загинале при напад на конвој возила, во кој се наоѓал сирискиот претседател Башар Асад. Вооружениот напад бил извршен од радикални исламисти, со ракетен систем од типот “Град”.basar-el-asad

Според првичните информации, Асад одел на погреб на својата мајка, во моментот кога бил направен обидот за атентат врз него во кој биле убиени четири лица, пишува израелскиот весник „Jerusalem Post“, повикувајќи се на сопствени извори во Сирија. Во нападот, Башар Асад сепак минал неповреден.

Радикалната религиозна група „Ахрар ал Шам“ е осомничена дека го извршила атентатот врз престедателот на Сирија, во понеделникот во Кардаха, Латакија, кое е родно место на Башар Асад.

Израелскиот весник објавува дека и покрај тоа што токму во тој дел на Сирија има стационирани бројни руски воени трупи, сепак припадниците на „Ахрар ал Шам“ успеале успешно да извршат напад, но неуспешен атентат врз Башар Асад.

Инаку, Енисе Махлиф, мајката на сирискиот претседател, починала во саботата на 86-годишна возраст.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1