Извршителите газат: Секој 20-ти Македонец блокиран – Еве што смее да ви земе и кога банките смеат да дават инфо


На крајот на мај 2017 година, кај физичките лица блокирани се 177.884 трансакциски сметки, додека кај правните лица тој број е 61.353.

Извршителите со години ги објавуваат матичните броеви, а граѓаните си молчат и досега нема ниту една претставка за оваа злоупотреба.Сите извршители кои во дневните весници ги објавуваат личните податоци на граѓаните, ќе бидат казнети со казни од 250 до 4.000 евра.

Членот 34 од Законот за заштита на личните податоци (глава 8) се однесува на давање лични податоци на корисници, кој јасно укажува на тоа дека: „Контролорот ќе ги даде личните податоци на користење на корисник врз основа на писмено барање од корисникот, доколку тие се потребни за извршување работи во рамките на со закон утврдени надлежности“.

Во Македонија, покрај нотарите, постојат и извршители што се назначени од страна на Министерството за правда и имаат овластување да извршуваат одредени судски одлуки, особено во граѓанските постапки

Податоците се собираат за конкретни цели, со закон утврдени, а тоа е: запленување надомест утврден со судска постапка – како што стои наведено во барањето поднесено од извршителот.

Откако банките ќе утврдат дека се исполнети сите горенаведени критериуми за да може да пристапат кон давање на личните податоци за нивниот клиент, тие ќе му одговорат на извршителот и ќе му ги дадат бараните податоци. Банките ги водат сите добиени барања и одговори на тие барања во своите архиви.

При пополнување формулари во банки забележете дали стои дека се согласувате да се собираат и/или да се употребуваат податоците и за кои точно наведени цели! Доколку сметате дека се собираат премногу лични податоци или посебни категории лични податоци чиј обем не е навистина неопходен за извршување на целите за кои се собираат, обратете се до Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Еве што ќе ви земе извршителoт – долната облека и компјутерот не се на списокот

Старите телевизори не се интересни за извршителите, зашто никој не им ги купува, но без размислување би земале пијано, персиски килими, уметнички слики, луксузен мебел, ама нив ги нема во домовите на должниците

Телевизори, клима-уреди, машини за перење алишта и садови, микробранови печки, лустери, килими, троседи, двоседи, се најчестите предмети кои извршителите ги изнесуваат од домовите на граѓаните-должници. За наплата на долг може да се земат и бунди, вредни уметнички слики, златен накит, сребрен есцајг, мебел со антиквитетска вредност, пијано.

Според Законот за извршување, извршителот има право да влезе во домот на должникот, да направи попис на предметите што ги поседува, да заплени дел од нив и потоа да ги продаде на јавно наддавање.

Кога влегуваат кај должниците извршителите имаат и полициска придружба, проценител, носачи, а сето тоа се плаќа.

Од домовите на граѓаните не смее да се земе се. Законот за извршување пропишува дека не смее да се земаат облека, обувки, долна облека и други лични предмети, постелнина, садови, мебел, шпорет, ладилник и друго со вообичаена вредност, потребно за задоволување на основните потреби за домаќинството. Не смее да се запленува ниту храна и огрев во залихи за три месеци, ортопедски помагала и слично. Иако е дозволено, извршителите не одземаат ни компјутери, зашто во нив има лични податоци, а не ги погледнуваат ни старите телевизори, бидејќи не можат да ги продадат за повеќе од 1.000 денари. Најлесно се продаваат телевизорите, климите и другата техничка стока, а најтешко троседите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1