Извршителите газат: Секој дваесетти Македонец со блокирана трансакциска сметка


На вкупно 194.832 физички и на 60.205 правни лица им се блокирани трансакциските сметки на крајот на јуни оваа година, покажува платежната статистика на Народна банка на Република Македонија, јавува Бизнис ИнфоНа крајот на мај 2017 година, кај физичките лица блокирани се 177.884 трансакциски сметки, додека кај правните лица тој број е 61.353.

Под блокирани трансакциски сметки влегуваат сметките што се во сопственост на физички и правни лица за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата.

Вкупниот број на депоненти, заклучно со 30-ти јуни оваа година, кај физичките лица достигна 1.589.455, додека кај правните е на ниво од 123.401. Депоненти се физички и правни лица кои имаат отворено една или повеќе трансакциски сметки, во една или повеќе банки во земјата. Од вкупниот број на депоненти, кај физичките лица има 76.432 блокирани, а со блокада се соочуваат и 36.021 правни лица.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1