Извршниот совет на УНЕСКО изгласа прием на Косово


Извршниот одбор на УНЕСКО го поддржа предлогот на Германија, Албанија и Велика Британија за прием на Косово во организација, напиша потпретседателот на косовската Влада Хашим Тачи на Твитер.unesko-znaminja

За предлогот позитивно се изјасниле 27 земји, 14 биле против и исто толку воздржани, напиша Тачи.

Претставниците на Русија и Куба, со поддршка на Индонезија, се обиделе да го одложат изјаснувањето.

Конечната одлука за тоа дали Косово ќе биде примено во организацијата ќе ја донесе Генералната конференција на УНЕСКО, која ќе биде одржана од 3 до 18 ноември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1