Дачиќ: Резултатот од гласањето во УНЕСКО е дури подобар од очекуваниот


Српскиот министар за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на вонредна прес конференција поладнево изјави дека резултатот од гласањето во УНЕСКО во Париз е подобар отколку што очекувале, јави радиото Б-92.

Како што Дачиќ објасни, според резултатот голем број земји се спротивставиле на притисокот да гласаат за приемот на Косово во УНЕСКО..dacic

Освен тоа, Дачиќ изјави дека допрва престои големата борба против приемот на Косово во УНЕСКО, како и дека воздржани биле оние земји „до кои не можеле да се дојде телефонски“.

На почетокот на вонредната прес коференција Дачиќ опиша што се случувало пред самото гласање за предлогот за прием на Косово во УНЕСКО.

-Германија, во име на коспонзорот, го образложила барањето Косово да биде примено во УНЕСКО. Тоа го подржала Велика Британија, а Албанија изнела барање дебатата да се затвори, односно воопшто да ја нема, што Велика Британија и го поддржала, истакна Дачиќ.

Потоа Русија изнела барање гласањето да се одложи, што било поддржано од Куба и Индонезија.

-Меѓутоа, Велика Британија и останатите кои биле за предлог препораките по паузата на која заминале за да се донесе одлуката, навеле дека рускиот предлог не се разгледува бидејќи бил процедурално задоцнет, наведе Дачиќ.

Тој изјави дека пред гласањето немало расправа бидејќи „не сакале да ги слушнат аргументите кои биле против предлогот, така што веднаш се преминало на гласање.

Српскиот шеф на дипломатијата потоа наведе која земја како гласала.

-Не треба да се губи енергија, вековната борба продолжува. Србија ќе постапи мирно, рационално, без било какви ирационални потези, наведе Дачиќ, наведувајќи дека премиерот Вучиќ доцна синоќа разговарал со премиерот на Папуа Нова Гвинеја која денеска била воздржана и која барала да биде симната од листата на коспонзори на предлогот за приемот на Косово во УНЕСКО.

Освен тоа, Дачиќ наведе дека и самиот разговарал со повеќе десетици министри за надворешни работи, како и дека тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.

Српскиот министер истакна дека оваа одлука на Извршниот совет на УНЕСКО не значи и признавање на независноста на Косово.

-Ние се подготвуваме за Генералната конференција. Ова е нешто што го очекуваме,  овој резулатат е дури и подобар од оној што го очекувавме. Ако погледате, голем број земји се спротивставија на притисокот. Од друга страна, голем број биле воздражни, а меѓу нив се земји кои и ја признаа и не ја признаваат независноста на Косово, нагласи Дачиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1