Ја давел со врвка и ја претепал во црква


Непознато лице во средата без повод и причина претепал шеесет и четиригодишна гевгеличанка која завршила во Ургентен центар во Скопје со крварење во мозокот.tepacka3

Напаѓачот попладнето околу 15 часот, во просториите на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, се обидел да ја удави жената со врвка од обувка, но откако не успеал почнал да ја удира со тупаници по главата и телото.

Жената била пренесена во Општата болница во Гевгелија, каде и биле констатирани тешки телесни повреди со подливи и крварење на мозокот.

Поради сериозноста на повредите таа е префлена во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1