Ја градат првата невидлива зграда


Јужна Кореја гради „невидллив“ облакодер кој со помош на ЛЕД оптика и камери ќе се камуфлира. Кулата „Infinity ќе биде 450 метри висока, а зачудува фактот дека ќе биде изградена блиску до аеродромот.

13.09.infinity1Инжинерите во Сеул градат облакодер кој како во некој трик на некој магионичар ќе исчезнува пред очите на луѓето.Поточно, со помош на ЛЕД оптика и камера облакодерот ќе поприми изглед на позадината и ќе се камуфлира така што ќе стане невидлив. Кулата Infinity ќе биде висока 450 метри, а неодамна доби зелено светло за градење. Не е јасно зошто ваква „невидлива“ зграда е планирана да се гради токму покрај аеродром.

Облакодерот ќе биде во целост посветен за забави, а според замислата на експертскиот тим, на 392. метар треба да има платформа за набљудување. Кулата исто така ќе има ролеркостер, воден парк, ресторани, простории за венчавање и зелени градини.

Освен тоа што ќе биде прва „невидлива“ кула, Infinity исто така ќе се вброи во десетте највисоки градби во светот.

nevidliva zgrada

13.09.infinity5

 

13.09.infinity4

13.09.infinity3

 

Таратур.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1