Жена од Тајланд е обвинета дека го дрогирала својот сопруг, а потоа му го отсекла пенисот кој го врзала за балони и го пуштила да одлета во небото.
47-годишниот маж, Прајун Екланг, е хоспитализиран, кога залудно се обидувал да ја спречи својата жена која, според сведочењето на очевидците, побегнала со неговиот пенис, изјави полицискиот капетан во Банкок.
Несреќниот маж испил две пилули за спиење кои му ги дала неговата сопруга, мислејќи дека се лекови за алергија. Кога подоцна го разбудила силна болка во препоните, ја видел својата сопруга со неговиот пенис во една и нож во другата рака. Прајун и рекол на полицијата дека не ни помислувал дека неговата сопруга ќе се осмели да направи такво нешто.
Локалните медиуми пренесуваат дека жената пенисот го врзала за балони кои потоа ги пуштила да одлетаат во небото, заедно со него.
Инаку, на Тајланд не е ретко жените да им ги отсекуваат пенисите на своите сопрузи кои ги изневериле, па поради тоа тамошните доктори смислиле различни техники за повторно спојување на отсечените органи.