Ја преплаќаме ли водата? ви стигнаа ли помали сметки последниот месец?


Плаќаат ли скопјани нереални суми за вода и му преплаќаат ли со години на ЈП „Водовод и канализација“? Веројатно водата е прескапа, во претпријатието парите се прелеваат, па оттаму има и за нова милионска зграда и други непотребни инвестиции. Овие прашања и дилеми ги отвори опозицијата по одлука на градскиот Совет „Водовод“ да инвестира речиси 1,5 милиони евра во нов водоводен систем за Шуто Оризари, пренесува Утрински

За опозицијата е неразбирливо претпријатието да располага со толкави средства, а истовремено не успева да ја реализира наплатата од потрошувачите. Згора на се’, има и 10 милиони евра за изградба на нова административна зграда без притоа да се задолжи каде било.

smetka voda

„Претпријатието не смее ниту да е профитабилно, туку само рентабилно. Сето ова отвора прашања за преиспитување на цената на водата. Неразбирливо е во претпријатието парите да се прелеваат, а наплатата да му е само 63 отсто. Значи, му остануваат вишок пари. Логично е да се запрашаме од каде. Во случајов, скопјани, оние редовните плаќачи со години како да ја преплаќаат водата. Од тие причини ќе поведеме иницијатива за преиспитување на нејзината цена“, коментира Драги Давчевски, советник од редовите на СДСМ во градскиот Совет.

Повеќето скопјани последните сметки ги добиле по речиси преполовени цени од она што досега го плаќале.

„Незнам зошто, обично плаќав околу 600 денари а последните 2 сметки ми се околу триста – речиси преполовени, дали вршеле некое порамнување или отсега ќе се толку незнам“, вели Магдалена Ратајковска од Скопје.

„ Да и мене ми стигна преполовена сметка – не се надевам дека поефтиниле сигурно нешто лошо се прерачунале па на наредните ќе ни додадат и повеќе отколку што треба„, вели со недоверба во новите сметки Бранислав Бошковски од Лисиче.

Инаку, скопјани плаќаат 29,39 денари за кубик вода. Последен пат цената на водата беше коригирана за време на мандатот на Трифун Костовски кога беше покачена за речиси 100 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1