Над 3.300 лица грипосани, 1 починат, 1 на интензивна – во февруари допрва ќе се шири


Во Македонија е зголемен бројот на заболени од грип, бидејќи оваа сезона се евидентирани вкупно 3.328 лица, а само последната недела од 13 до 19 јануари годинава грипосани се 1.385 лица. 

lekariДосега во земјава регистриран е еден смртен случај. Починатата пациентка е на 67-годишна возраст и имала хронични болести, како опструктивна белодробна болест, кардиомиопатија, дијабетес, бубрежна болест. Кај неа лабораториски е потврдена инфекција со вирусот на инфлуенца А/Х3Н2.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести само едно лице е на интензивна нега, а двете бремени жени кои беа во лоша здравствена состојба сега се чествуваат подобро.

Flu-pic

Статистиката покажува дека најголем број заболени од инфлуенца се регистрирани во Куманово, чијшто број достигнал 702 грипосани, во Скопје 567 лица, во Тетово 415 лива и во Струмица 390. Најмногу од болните (2.072) се во возрасната група од 15 до 64 години.

Епидемиолозите велат дека пикот на грипот ќе се случи во февруари кога се очекува бројот на заболени да биде најголем. Тие укажуваат дека како можни последици од грипот доколку навреме не се лекува се влошување на хроничните болести како што се срцевите, дијабетес и астма, како и воспаление на белите дробови и тешко дишење.

За разлика од Македонија во соседните држави Бугарија и Грција е прогласена епидемија на грип.Во Софија и Бургас затворени се и училиштата, а во Грција пет лица веќе починаа како последица на сезонски грип.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1