Претседателката на куќниот совет на една зграда во центарот на Загреб, решила да ја смени бравата на еден од влезовите во зградата, а притоа одбила да го копира клучот од новата брава за другите станари.
Во известувањето кое го оставила на соседите, претседателката Сузан Ферк напишала дека “надворешниот влез во зградата треба да биде заклучен цело време“ и дека станарите смеат да го користат само влезот од страна на улицата.
-Со оглед дека и наспроти сите молби и опомени надворешниот влез е константно отклучен, а повеќе пати задната врата беше ширум отворена, имавме неколку кражби во становите за време на летото. Од безбедносни причини, за да го заштитиме имотот и имаме непречен живот во нашите станови, бравата на надворешниот влез е сменета. Клучот не е можно да го добиете, напишала Ферк.
А тогаш во продолжение на известувањето се убаво појаснила.
-Ве молам да го користите предниот влез во зградата и истиот од безбедносни причини (вонредната состојба поради бегалската криза) заклучувајте во период од 23 часот навечер до 6 часот наутро. Доколку влегувате или излегувате од зградата во тоа време ве молам да ја заклучувате вратат зад себе дури и ако ја најдовте отклучена. Ве молам да не пуштате непознати лица во зграда.
Сузана одбила да даде било какава изјава за медиумите.