Почина еден од најдобрите фудбалери на бивша Југославија


Драган Холцер, легендата на сплитски Хајдук, по тешко боледување, почина во Сплит на 70 годишна возраст.

Холцер е роден во концентрационен логор крај Берлин во 1945 година. Пораснал во Ниш а кариерата ја почнал на 18 години во „Раднички“.dr500

По 96 одиграни натпревари за нишкиот клуб, во 1967 премина во Хајдук, каде стана еден од најдобрите одбранбени играчи во Европа. За Хајдук одигра 419 натпревари.

Во дресот на Хајдук освои три првенства на Југославија (1970/71, 1973/74, 1974/75) и три трофеи на државниот куп (1972, 1973, 1974). Од 1975 шест сезони помина во германски Штудгарт. Кариерата ја заврши 1982 во Шалке.2dr500

Долго време беше капитен на југословенската репрезентација за која одигра 52 натпревари. Беше член на тимот кој во 1968 играше во финалето на европското првенство во Италија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1