Ја тужел жената дека му родила грдо дете – и добил на суд


Кинезот Џиан Фенг се оженил со убава девојка и им се родило првото дете. Но според таткото детето не личело на родителите, и било многу грдо, а на почеток верувал и дека не е негово туку дека жената го изневерувала со грд маж.

За да го разубеди таа му признала дека за да изгледа како изгледа деенс минала низ многу пластични операции и му покажала слики од себе пред операциите.  Наместо да се смири тој веднаш побарал развод и ја тужел дека го измамила за својот изглед и за изгледот на бебето и барал оштета од 120.000 долари.

Судот пресудил во негова корист. Според пресудата жената не му ја кажала вистината која е и го довела во заблуда. Жената сега ќе мора да му плати оштета.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1