Полицијата од Пунто Кани денеска соопшти дека на аеродромот во градот била уапасена жена откако во стомакот и’ биле пронајдени 55.500 евра, а во багажот уште 54.600 евра.
Жената е државјанка на Шпанија по потекло од Доминиканска Република, а на аеродромот во Пунто Кани допатувала од Брисел.
Разузнавачките служби ги алармирале надлежните за доаѓањето на жената, како и тоа дека во стомакот има пари, спакувани во 16 кеси, што било потврдено на ренген снимката.