Австралиски готвач ја убил својата девојка, потоа ја исекол на парчиња и зготвил делови од нејзиното тело, соопшти во понеделникот австралиската полиција.
Маркус Волке бегал пред полицијата која дошла во неговиот дом во Бризбејн откако добила пријави од соседите дека чуден мирис се шири од станот. Скокнал преку балконот и се сокрил во блиска улица каде што потоа бил пронајден мртов, откако, како што се претпоставува, овој 28-годишник самиот си го пресекол вратот.
Полицијата пронашла делови од телот на неговата девојка во лонец поставен на шпоретот, додека другите делови од телот на несреќната Индонежанка Мајанг Пресетио се најдени во кантата за отпадоци пред станот на нејзиното момче.
Според австралиската полиција, двајцата минатата година се запознале додека работеле во кујна на брод на меѓународна пловидба, а Индонежанката наводно работела како трансексуална проститутка и претходно настапувала. Причината за грозоморното убиство засега не е позната, иако соседите на двојката рекле дека од пред извесно време слушнале гласни расправии од станот на Волке.