Ќе се брендира симит-погачата


Симит-погачата е во процедура да биде заштитена како автохтон скопски производ.

– Симит-погачата е оригинален производ. Таа носи во себе повеќе пораки. Не е само одлика на скромност и задоволување со малку. Таа е симбол на еднаквоста, еднакво е достапна секому, по состојките е универзална, а по хранливоста ефикасна. Синтагмата леб во леб можеби најдобро може да го отслика значењето што го емитира. Таа по состав е иста, тесто со тесто, а сепак сосема поинаква и најдобро е кога тие различности се споени во едно, кога се сфаќа дека тие не се исклучуваат и оти само заедно се ефикасни, полезни и вкусни – вели претседателот на Здружението на еснафи „Еснаф“, Мухедин Брава.simit pogaca

Извршниот директор на Здружението Соња Кушовска – Трајковска вели дека, покрај симит-погачата, во иднина планираат брендирање и на други производи кои се автентични за нашето поднебје.

– Имаме поднесено иницијатива до Музејот на Македонија за брендирање на симит-погачата како оригинален скопски производ, и тој проект ќе го работиме заедно со Музејот. Покрај симит-погачата, во иднина планираме да брендираме и други автентични македонски производи – рече Кушовска – Трајковска

Музејот на Македонија потврди дека здружението „Еснаф“ има поднесено таква иницијатива, и таа е влезена во годишната програма за работа на Музејот.

– Моментално се работи на разработка на проект за наоѓање цврсти докази за потеклото на симит-погачата, со кои ќе го поднесеме барањето до Министерство за култура за да влезе проектот во националната програма за 2015 година – велат од Музејот.

Во петокот се одржа манифестацијата „Симит-погача – чаршиски гастро-сувенир“, како дел од „Чаршиската есен“ во која се планирани неколку разни манифестации.

извор:Република.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1