Ја убил својата девојка бидејќи била 22 часа на Фејсбук


Брачната двојка од Германија, се запознале преку интернет, по што набргу потоа започнале врска која и не била така идеална.

Мерион (42) чиј надимак на интернет бил „Nie“, цел ден го минувала на Фејсбук. Поради својата зависност од интернетот, често влегувала во кавга со својот 11 годишен помлад дечко Томас. За време во една од расправиите, дошло до ескалација и Томас со кујнски нож и нанел смртни рани во срцето.

Томас пред судот истакнал како тој и неговата сопруга се запознале преку фејсбук и како голем дел од времето го минувале во допишување. Набргу потоа се заљубиле и почнале да живеат заедно. Но, основниот проблем во врската било тоа што Мерион, често на комјутерот минувала и до 22 часа дневно!
На судот адвокатот на Томас го прочита неговиот исказ долг 20 страници. Завршил со речениците: „Ја превземам целосната одговорност за смртта на Мерион и длабоко жалам поради ваквиот чин“.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1