Во гратчето Колено, во близина на Торино, невработен маж ги застрелал својата сопруга, нејзината мајка и ќерката, а потоа се самоубил, прободувајќи се со нож.
Пред да си го одземе животот, 57-годишниот Даниеле Гаратини, кој од октомври минатата година останал без работа, се јавил во Брза помош и ги информирал дека го убил своето семејство.
Првичните информации од истрагата на трагедијата покажуваат дека меѓу членовите на семејството немало расправии пред да биде извршено убиството.
Се претпоставува дека Гаратини го извршил овој грозоморен чин бидејќи бил очаен од невработеноста и боледувал од хепатит.