Драма за Брза помош ноќеска – нападнати лекарите, еден повреден


Возило на Итната медицинска помош ноќеска околу полноќ било нападнато кај Центарот за зависници во Кисела Вода и притоа е повреден возачот на возилото и скршени се стаклата на комбито.

soobrakajka - brza pomosСпоред информациите од Итната медицинска помош, возачот на возилото имал скршеница на раката и потрес на мозокот. Во текот на ноќта итно е опериран на Клиниката за трауматологија.

Од полицијата за МИА изјавија дека екипата на Итната медицинска помош е нападната од засега непознати лица.

Возачот, бил физички нападнат со тупаници, а докторката не била повредена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1