Ја влечеле и ја буткале во автомобилот – обид за киднапирање среде Скопје


Обид за киднапирање во Скопје, полицијата трага по насилниците.

Како што информира полицијата, завчера во 23,50 часот во Полициската станица Чаир С.Г.(19) пријавила дека истиот ден околу 21,30 часот додека се движела по улицата “Индира Ганди“ позади неа се движело возило во кое имало две лица.

Во еден момент возилото се доближило до пријавителката и застанало и притоа едниот ја фатил за рака и почнал да ја влече, а другото лице ја туркал од позади грб со намера да ја внесат во возилото и откако викнала по нејзиниот татко лицата го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1