Најмалку три лица загинаа, а осум се тешко повредени откако пензионер од гратчето Дудинка, во близина на рускиот град Краснојарск, ја запалил општинската зграда бидејќи не добил документи за државен стан.
Пожарот во четирикатницата во која била сместена администрацијата избувнал во 10 часот по локално време, а спасувачите успеале да евакуираат 50 лица од зградата.
Руските медиуми јавија дека пироманот влегол во зградата, со бензин ги полил сите четири ката и ја запалил.
Според извори од истрагата, изгореле околу 150 квадрати на зградата, а уште е неизвесно дали билансот на жртвите е конечен, бидејќи дел од повредените се во многу сериозна состојба.
Полицијата уапси 63-годишно лице, кој е осомничен дека го подметнал пожарот.
Истрагата е во тек, а неофицијални извори наведуваат дека причина за подметнувањето на пожарот е тоа што административците на пензионерот не му дале документи за да добие државен стан.