Денес променливо облачно со умерен ветер


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен ветер од северен правец и со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови.oblaci mk2

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од еден до осум степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и студено со повремен на моменти засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Следува период на променливо облачно и студено време. Утринските температури ќе бидат во опаѓање, а најниската се очекува да биде за време на новогодишната ноќ кога ќе се спушти во интервал од минус 10 до минус три степени.

Во сабота во западните делови ќе има услови за повремен локален снег, а во недела врнежи се очекуваат на повеќе места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1