3 повредени цариници – Детали за сообраќајката со комбето на Царина кај Скопје


Утрово во 7 и 15 часот на автопатот Петровец – Скопје, веднаш после одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје , дошло до сообраќајна незгода.IMG_4136

Комбе на Македонската Царина се превртело на патот. Во моментот на несреќата комбето превезувало и било полно со цариници.

Според првичните информации од МВР во несреќата се повредени 3 цариници кои се префрлени во болниците во Скопје. Еден е префрлен во ГОБ а двајца во клиничкиот центар. Нема информации за какви повреди станува збор.

При превртувањето комбето го блокираше патот при што дојде до застој во сообраќајот. На лице место е излезена увидна екипа на МВР.

Нема информации што ја предизвикало несреќата. Се знае само дека друго возило не учествувало во незгодата.

Голема сообраќајка – Комбе на Царина превртено на местото каде загина Младенов (Фото)

IMG_4137 IMG_4135 IMG_4134

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1