Јадеме „дрвени“ домати


Граѓаните се разочарани, го снема доматот по кој сите ја препознаваа Македонија. Во струмичкото поле речиси сите садат домати од хибридни семињаод Холандија

domatiУбави за око, невкусни за јадење. Такви се доматите кои се одгледуваат кај нас последните неколку години. Ретко некаде може да се најдат домати какви што беа некогаш – меки и вкусни. Сегашните имаат тврда зелена внатрешност, најчесто без мирис и соодветен вкус и со дебела лушпа, пишува Утрински.

„Во производството и пласманот на доматите цврсто се наметна трговската логика со хибридните долготраечки семиња, каде што има сорти домати кои од 25 до 30 дена издржуваат во магацините и кога ќе добие поволна цена, трговецот ќе ја пласира на пазарот. Сето тоа е на сметка на квалитетот, бидејќи овие хибридни домати, кои сега доминираат на пазарот, имаат неквалитетна конзистенција, дебела кора и дрвена маса“, вели доктор Ристо Вучков, експерт за заштита на растенија од болести.

И производителите велат дека доматите што сега се произведуваат се невкусни, но се принудени да ги користат семињата што им ги нудат трговците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1