Русија забрани увоз на ГМО. „Ако Американците сакаат да јадат ГМО-храна, нека јадат. Ние немаме потреба од тоа“, изјави деновиве рускиот премиер Димитриј Медведев. Ова е уште еден удар и пораз за производителите и промоторите на ГМО предводени од озлогласената компанија „Монсанто“ и уште еден доказ дека светот се буди против ова зло на денешницата.
Во глобалното будење против ГМО придонесе и заедничкиот експеримент на неколку институти и научници од Русија што докажаа дека животните хранети со ГМО-храна по четвртата генерација стануваат стерилни. Истражувањето на француски научници, пак, покажале дека глувците хранети со ГМО-храна заболуваат од рак.
Многу истражувања покажале дека животните хранети со таква храна имаат симптоми на забавен раст, оштетен имунолошки систем, крвавење во стомакот, ненормални и потенцијални канцерогени клетки во цревата, оштетување на крвните зрнца, изобличени структури на клетките во црниот дроб, панкреасот и тестисите, промени во експресија на гените и клеточниот метаболизам, слабо развиени органи, намалени дегестивни ензими, висок степен на шеќер во крвта, воспаление на белите дробови, зголемена смртност и повисок морталитет.
Според некои податоци, ГМО предизвикува дури 65 болести. Постојат голем број истражувања кои ја потврдуваат штетноста од употребата на ГМО, независно дали се работи за луѓе или за животни.
Генетичарот Дејвид Сузуки вели дека сме дел од еден масовен експеримент и дека ние сме тие што треба да обезбедиме податоци кои на крајот ќе кажат и ќе заклучат дали има опасност од ГМО-храната. Kога научниците го преселуваат генот, еден мал ситен ген од еден организам во друг организам, тие целосно го менуваат неговиот склоп, неговата смисла и нема начин во денешно време да се предвиди како тој организам ќе се однесува и каков ќе биде исходот.
Но, и обичен лаик може да заклучи дека од мешање разни гени исходот не може да е добар и тоа да не се одрази врз организмот на луѓето и на животните. На крајот на краиштата секој треба да се праша дали може да прифати да јаде производи кои во себе содржат делови од гени на бактерии, бубашваби, риби, животни, па дури и човечки гени?
ГМО, велат, не познава граница. Се работи за еден механички трансфер на гени од организмот кој го дава генот (донор) во организмот што истиот тој ген го прима (акцептор), преку техники што не познаваат никакви бариери; на тој начин, буквално, може да се земе кој било ген од кој било организам и да се вметне во генетската основа на некој друг организам. На пример, од рибата иверка, која живее на северот од Атлантскиот Океан, се изолирани гените што се одговорни за добро поднесување ниски температури, и преку техниката на генетски инженеринг, овие „антифриз“ гени се вградени во доматот, со што се продолжува сезоната за одгледување.
Во Северна Америка се експериментира со лосос, во кој е вграден човечкиот ген одговорен за создавање на хормонот за растење и на тој начин се забрзува растот и се зголемува големината на лососот. Човечкиот ген за хормон на растот, исто така, се внесува и во геномот на кравите и на свињите. И што е најстрашно, се внесува човечки ген, т.е. од жена во крава за да се добие млеко со хемиски состав најблизок до мајчинскиот.
Kолку ли може да биде прифатливо сознанието дека некој се обидува да изигрува Бог, да создава нови суштества мешајќи човек и животно?! Несомнено е дека светот треба да се побуни против ваквиот експеримент кој може да го уништи човечкиот род.
А целата приказна тргна од САД кога во почетокот на 90-тите од минатиот век Белата куќа ~ одобри гентески инженеринг на храната на компанијата „Монсанто“. А стратегијата на оваа контроверзна компанија се состои во контролирањето семиња насекаде на Земјината топка, преку нив и контрола на храната, најсилен начин да се контролира популацијата во светот. Изговорот на „Монсанто“ е дека само со ГМО може се нахрани светската популација. Но, кој да верува во таквата намера кога голем дел од истражувањата покажуваат колку штетно влијае ГМО врз здравјето на луѓето, што може да довде до нивно уништување, а не до прехранување. Се работи за чист профит на искривоколчени умови и ништо повеќе од тоа.
Сега во САД се бара да се стави ознака на ГМО производите, но, како што вели Норман Браксик, претседател на Asgrow Seed, компанија-ќерка на „Монсанто“: „Ако ставите етикета на генетски модифицирана храна, тоа е како да сте ставиле етикета на глава на мртовец со коски“.
Иако во Европа анти ГМО-движењата се многу силни, на почетоков на годинава ЕУ одобри одгледување на ГМ-пченка од „Монсанто“, која, според одредени информации пласирани во странските медиуми, содржи осум гени.
Kај нас малку се говори на оваа тема, а интересот за неа особено спласна откако пред пет месеци Владата донесе одлука да се забрани увоз на ГМО до влез во ЕУ. А и штета би било кај нас, во земја со исклучително поволни услови за производство на здрава органска храна, да се пропагира ГМО.
Штета е и што на вакви битни теми ни текнува за време на изборен молк. Заглавени во дневнополитичките настани забораваме на она што е најбитно, а тоа секако е здравјето.
Ирена РадовановиЌ за Дневник