Компирите, гравот, кромидот и портокалите во август годинава најмногу поскапеле на зелените пазари во споредба со истиот месец од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лукот и зелката.
Најголемо зголемување на цените на земјоделските производи на пазарите на големо во август 2013, во споредба со истиот месец лани, се забележува кај компирите, кромидот, тиквичките и оревите.
Најголемо намалување има кај црвените домати, бабурите, зелката, праските и сливите.