Јадете замрзната риба? Подобро прочитајте го ова


Според неодамна објавена статистика, просечен Европеец секоја година јаде по 21 килограм риба. Просечен Балканец секоја година јаде по 8,5 килограми риба во просек.

smrznata riba2Сепак колку е квалитетна рибата која што ја конзумираме останува знак прашалник, доколку се земе во предвид дека истата доаѓа од далечни предели, па до нејзиниот пат до масата, истата на неколкупати е замрзнувана.
За лошиот квалитет на филетите се пожалиле децата од словенечките градинки и училишта говорејќи дека рибата која што им била послужувана има лош вкус и мирис, Здружението на потрошувачи во оваа земја одлучи токму замрзнатите риби да ги подложат на тестирање.

Биле тестирани 12 различни замрзнати риби и тоа најпрвин биле измерени, потоа замрзнати, потоа повторно стопени и повторно измерени. Се чини дека некои од пакетите биле со 40% вода, по што се заклучило дека ледот е составен дел од цената на продажбата на рибата.
Резултатите од тестирањата биле катастрофални.

smrznata ribaВо самите филети биле пронајдени коски,  останки од опашката, од примарната амбалажа и пластика, а голем број на дегустатори посочле дека кај дел од примероците има силен мирис на хлор.

Дегустаторите процениле дека само кај еден од 12 примероци, рибата е задоволителна, а во еден примерок биле пронајдени и износот на кадиум кои го надминува дозволеното ниво. За зашита на децата во градинките и училиштата, словенечките здружанија на потрошувачи доставиле до надлежното министерство барање за купување на риба со фиксно ниво на квалитет.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1