Јадранка Косор уценета со порно видео?


Поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор, која беше отстранета од ХДЗ патијата, открива дека не се чувствува безбедно бидејќи е прислушкувана и уценувана со непостоечко порно видео.
g_Jadranka-KosorКосор во интервју за еден од локалните медиуми рекла дека не постои никаво видео со сексуална содржина во која таа е “актер“. Таа рекла дека на еден хрватски портал е објавено дека Томислав Карамарко, претседателот на ХДЗ ја уценувал со порно видео што е снимено во училиште во Кумровец.
“Велат дека ме уцениле со тоа видео и барале од мене да си одам од Собранието, а дека јас не сум си заминала бидејќи сум проценила дека во тој порно-филм изгледам одлично и дека ќе предизвикам емпатија како Северина“, рекла Косор и додала дека тоа е “лудост“.
“Да! Некој мора да реагира на тоа! Мора да се докаже дека тоа не е вистина, а бидејќи тука се спомнува и училиштето во Кумровец, што постојано е споменувано и од Вице Вукојевиќ, кој кажува глупави лаги, секако дека немам многу простор за заклучоци“, изјавила Косор и додала дека неможе само да одмавне со раката и да молчи додека “тоа ѓубре се врти по порталите“.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1