Јадранка Костова и официјално лустрирана


Новинар од јавниот сервис ги кодошел колегите во периодот од 1993 и 1996, преку изнесување на нивните политички ставови. Ова е главното образложение за комисијата за верификација на фактите, која лустрираше поранешен новинар на јавниот сервис. Костова е меѓу четирите лустрирани на денешното продоление на седницата на Комисијата.

Претседателот Томе Аџиев вели дека соработката на новинарот со службеното лице на Државна безбедност било во време кога тој бил службено лице, а потоа продолжила и кога станал директор.jadranka kostova

„Се обиделе да стапат во контакт со одредено лице, кое било секретар на Иван Михајлов во Рим, па под изговор дека ќе се прави интервју со секретарката, заедно со директорот на Државна безбедност отишле во Рим, да го внесе во обработката на тоа лице“, изјави претседателот Аџиев.

Лустрацијата за Костова беше очекувана и најавена. Новинарката реагираше со отврено писмо.

„Она што го сметав тогаш за неуспешен обид за полициска местенка, еве, денес, успешно го користат за мое оцрнување. Настанот за којшто знаеше цела информативна програма, нашата транспарентна битка да не ни се подметнуваат етикети, сега добила демек конспиративност, како некакво мое кодошење! Патем, дотичниот организатор немал никакви последици од сето тоа, не бил жртва на целава драмолетка. Напротив, сега јас треба да станам жртва по вкусот на џелатите на преродбата”, напиша Костова.

Додека траеше седницата на Комисијата, Новинарскиот пленум протестираше пред седишетото на Комисијата. Со трансапренти „Новинарството во ендек“, „Лоши одлуки носат лоши луѓе“, „Фрустрациска комисија“, „Томе, ме зезаш?“, побараа средба со претседателот на Комисијата, Томе Аџиев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1